Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 300 гр сливи
- 300 гр јаболка
- 150 гр шеќер
- кесичка ванилин шеќер
- 40 гр путер
- рум
Начин на подготовка:
- Ставете шеќер на дното на плехот, па наредете овошје: ред сливи исчистени од коски (свртете ги така да средината на овошјето лежи на шеќерот), ред парчиња од јаболка.
- Посипете ванилин шеќер по овошјето, пропрскајте го со рум и зачинете со грутчиња путер.
- Развлечете го лиснатото тесто така што ќе го прекриете овошјето, а малку од тестото развлечете и на страна, покрај работ на плехот.
- Печете околу 40 минути, на температура од 200 степени и повремено проверувајте дали тестото се пече рамномерно.
- Кога тестото ќе се испече, извадете го плехот и оставете го колачот да се лади.
- Исечете коцки и послужете со сокот кој го испушта овошјето.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma - loodgieter den haag