Потребни состојки:
150 гр. шеќер
100 гр. непечени бадеми
Кора од 1 лимон
250 гр. путер
50 гр. пченкарно брашно
300 гр. брашно
1 жолчка
Сок од 1 лимон
4 лажици екстракт од ванила
За фил:
120 гр. путер
100 гр. свежи малини
500 гр. шеќер во прав
Припрема:
Загрејте ја рерната на температура од 180 степени целзиусови. Во посебен сад изматете го шеќерот, ренданите бадеми, кората од лимон и путерот. Матете со миксер, па додајте го брашното, жолчката и сокот од лимон и повторно изматете се додека смесата не се соедини.
Од тестото формирајтетопчиња со дијаметар од 2 сантиметри, наредете ги во тава за печење на која претходно сте ставиле хартија за печење и притиснете ги со вилушка. Печете 15 минути на температура од 180 степени, па извадете ги и оставете ги да се изладат.
За филот, изматете го путерот, па постепено додавајте ги малините и шеќерот во прав и постојано матете со миксер. Врз секое колаче нанесете од филот со малини, па поклопете со друго колаче. Послужете на чинија за сервирање. Добар апетит!