Вештото нанесување на темни и светли тонови за да се нагласат контурите на лицето претставува клучен елемент на шминкањето, но не мора да биде долг и комплициран процес како што наведуваат мејкап туторијалите. Во ова видео за бјути платформата Into The Gloss, шминкерката Сара Лусеро од Stila Cosmetics, презентира како може да го контурирате лицето во рок од една минута, користејќи палета на коректори, четка за шминкање и малку руменило. Резултатот е свеж изглед, нагласени јаболчници и малку смален нос.