Кристијано Роналдо стана татко по четврти пат!

popara13 ноември, 20171min00
1

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо стана татко по четврти пат.

Неговата девојка Георгина Родригез синоќа ја донесе на свет малата Алана Мартина.

Среќната вест Роналдо ја подели на друштвените мрежи, поставуваќи фотографија од болницта каде што се породи Георгина.

– Алана Мартина пристигна на овој свет! И таа и Гео се одлично, сите сме пресреќни – напиша Роналдо под фотографијата.

Фудбалскиот ас го има синот Кристијано Јуниор и близнаците, Матео и Ева кои на свет ги донесе сурогат мајка.