
Пилешкиот стек ставете го во тенџере со вода и додајте ги коцката за супа, рузмаринот, мајчината душичка, малку сол и црн пипер.
Истото се остава да се свари додека не омекне. На крај се додава и грашокот и се вари 5 минути.
Пилешкиот стек се сече на помали парчиња. Се префрла во сад и се додава кашкавал, јајца, магдонос, сол и црн пипер по вкус.
Смесата се меша додека не се изедначи. Потоа се додава и грашокот и нежно се меша за да не се изгмечи.

Со влажни раце од смесата се направат крокети долги 5-6 цм. Потоа се валкаат во изматено јајце во кое се додава малку сол и во презла.
Така крокетите се пржат во загреано масло, а потоа се вадат на кујнска салфетка.
Се служат топли со прилог од ориз, компир, салата или со кечап, мајонез, тартар сос и сл.
Добар апетит!