Популарната Лепа Брена додека ги подготвувала своите два концерти во белградската „Арена“, приватно доживеала драма за кој никој не знаел. Имено, пејачката била под голем стрес кога открила дека може да добие канцер, но таа седум години молчеше за тоа и го криеше од ушите на јавноста.
„Брена плачеше секој ден. Го молеше својот доктор да ја спаси, му велеше дека не сака да умре од рак. Низ главата и’ поминуваа црни мисли. Ние ја тешевме колку можевме, но знаете како е“, изјави една пријателка на Брена.
Брена неодамна откри дека во 2010 година имала операција на јајниците и направила тест кој покажал дека може да заболи од рак.
„За ова првпат зборувам јавно. Во 2010 година, имав операција на јајниците. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да направам еден тест, на кој се покажа дека има големи шанси да добијам рак на дојка. Тумор-маркерот тогаш беше проширен и итно отидов на операција на циста на јајници. Секако, никому не кажав за тоа, но беше стресен период за мене“, изјави Брена.