
Потребни состојки:
4 кутии пишкоти
4 пудинга од ванила
1 литар млеко
1 маргарин
250 гр. шеќер во прав
1 овошен јогурт
1 кесичка капучино
50 гр. маскарпоне
2 лажици бел еурокрем
Подготовка:
Сварете го пудингот со млекото и откако ќе се згусне оставете го да се излади. Откако ќе се излади изматете го маргаринот со шеќерот и додадете го во пудингот.
Додадете го овошниот јогурт, еурокремот, капучиното и изматете ја смесата. Пишкотите ставете ги во млеко, а потоа наредете ги на чинијата за сервирање и одозгора премачкајте ги со филот. Украсете со јагоди. Добар апетит!