Четири лимони во вашето дневно мени ќе ви помогнат да ја вратите витката линија. Ако сте се здебелиле неколку килограми со оваа диета ќе изгубите четири килограми за две недели.
Суштината на оваа диета е да се намали внесувањето на маснотии. Лимонот ќе ги топи килограмите, а истовремено ќе внесувате доволно витамин Ц. Диетата со лимон е добра и за кожата. Важно е да се напомне дека на ваков режим на исхрана не можете да бидете подолго од две недели.
Менито е исто секој ден.
ДОРУЧЕК
Лимонада или чај со лимон и парче интегрално пециво.
РУЧЕК
За ручек јадете немасна храна, на пример пилешки гради, немасно телешко месо, а дозволени се и различни тестенини.
ВЕЧЕРА
За вечера препорачуваме супа, може и крем и бистра. Со супата можете да јадете зеленчук, месо, сирење или овошје.
И не заборавајте секој ден да изедете четири цели лимони!