Љубовни лаги во кои сите веруваме

popara4 јануари, 20171min00
relationship

Без оглед дали сте во врска, или не, сигурно некогаш и вие сте наишле на некоја љубовна лага со која ја саботиравте сопствената среќа.

Секој од нас е склон да западне во депресија после крах на врската, или бракот и самиот на себе да си наметне некои размислувања што го спречуваат да тргне понатаму. Постојат некои љубовни лажги во кои сите понекогаш веруваме. Чувството дека на сите други им е судена љубов, но не и на вас е честа појава. После неуспешните врски склони сме да размислуваме дека љубовта не е за нас, но со тоа себеси си ускратуваме можности да бидеме навистина среќни. Можеби сега сте сами, но тоа повеќе зборува за вашата животна ситуација во овој момент, отколку за вас.
Најчеста лага што не саботира додека сме во лоша врска е- не заслужувам подобро. Ваквото размислување може да ве спречи да излезете од односот што не чини и што не ве прави среќни. Луѓето кои веруваат во оваа лага, често трпат во врските и во браковите. Сигурно некогаш сте помислиле – знам дека мојата врска не чини, но сé е подобро, отколку да немам никого.
Многу веруваат дека е нормално да останат со погрешната личност додека не наиде онаа правата. Престанете да верувате во оваа лага, бидејќи поради неа би можеле да завршите со мажот кој не е за вас.
Во љубовта треба да ризикувате и за себе да го посакувате само најдоброто. Сите некогаш сме си рекле себеси – не сакам да размислувам за овој проблем сега, ќе се реши сам од себе. За жал, тоа нема да се случи. Ниту еден проблем што ќе го турнеме под кревет нема да исчезне, туку ќе се врати кога најмалку го очекуваме. Ако сте загрижени поради нештата што не чинат во вашиот однос со партнерот, игнорирањето на проблемот само ќе го одложи она неизбежно – соочување со него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma