На поп-пејачката Гоца Тржан и’ здодеа прашањето кога планира повторно да остане трудна, односно, кога ќе оди на вештачко оплодување, кое го најави пред некое време.
„Досадно ми е веќе кога ме прашуваат за бременоста. Не сакам некој да ми создава притисок. Ќе одам кога ќе почувствувам дека е време за тоа. Никому не сакам да му полагам сметки“, изјави Гоца, истакнувајќи дека, исто така, не ја интересираат ни муабетите дека нејзиниот млад сопруг не и’ е верен.
„Откачете се веќе од нас, ние сме една многу досадна брачна двојка!“, порача Гоца.