Лукас спремен да лежи затвор и 100 години!

popara6 септември, 20171min00
3

Српскиот пејач, Аца Лукас во гостувањето на утринската програма на ТВ Пинк изјавил дека не ја допрел Соња и дека сега има две солуции – да оде во притвор на 30 дена и да се обиде да ја докаже својата невиност, или да ја признае вината и да избегне притвор.

– Ја признав вината иако не сум ја допрел. Не сум ја бутнал, ниту удрил. Никогаш не сум кренал рака на неа, ниту на било која друга жена, нема ни да го направам тоа! Замислете да отидев во притвор, медиумите жив ќе ме распнат – рекол Лукас и додал дека Соња му го наместила овој скандал.

– Не знам, дали се уплаши од поделбата на имотот… Не сме судски разведени, а јас и ја препишав куќата која јас ја купив. Па нема жената и децата да ги оставам на улица. Пред неколку недели случајно прочитав порака од нејзината адвокатка, и се колнам дека пишуваше “Единствена шанса ти е да го предизвикаш да те удри, па да го тужиш за семејно насилство” – тврди Аца и напоменува дека никогаш во животот не ја удрил Соња.

– Нека се појави било која жена со која сум бил и нека докаже дека сум ја удрил, спремен сум да одам 100 години во затвор. Ако Соња дојде во вашата емисија и јавно пред камерите докаже дека сум ја допрел еднаш, одам на доживотна робија. Па после може да ве однесе во куќата која јас ја купив, и да покаже каков насилник сум јас бидејќи јас и ги купив сите тие ташни и милион бунди – порачал пејачот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag