Мафини со кафе и ореви

popara14 јуни, 20171min00
16

Потребни состојки:

100 гр. шеќер

1 кесичка прашок за пециво

150 мл. млеко

2 лажици мед

200 р. ореви

60 гр. маргарин

10 гр. кафе

2 лажици какао

200 мл. вода

3 кесички ванилин шеќер

230 гр. брашно

1 Јајце

Подготовка:

Најпрво се вари сирупот на умерена температура, така што меленото кафе, маргаринот, водата, медот и шеќерот се ставаат во огноотпорен сад со дебело дно. Кога ќе проврие, намалете го огнот, па варете некои 5-7 минути. Оставете убаво да се олади, а повремено промешувајте.

Во меѓувреме брашното помешајте го со какаото, додадете го прашокот за пециво и ванилиниот шеќер, па на крајот и изматеното јајце со млекото.

Во ладниот сируп ставете ја смесата од брашно, па промешајте за се да се спои. Додадете ги оревите и уште еднаш промешајте.

Од смесата полнете ги калапите за мафини. Печете ги во загреана рерна на 180 степени 20-ина минути. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *