Многу од овие трендови не се баш нови, туку само модифицирани за да изгледаат подобро и повторно да ги освојат нашите срца. Но, како и да е, баш како и секоја вистинска девојка со стил и обожавателка на модата и шминката овие трендови секако треба да ги испробате.
И во оваа година повторно ќе носите наједноставен црн молив за очи исцртан долж долната водена линија. Лесно, дискретно, а доволно за истакнат поглед.
Ако до сега на усните сте ставале сјај, сега би требало да го подигнете малку погоре. Оваа сезона во мода ќе бидат сјајни капаци.
Осумдесеттите се вратиле! А за тоа е доволен доказ се изданијата на познатите дами кои вклучуваат истапирана коса, светла сина сенка за очи и впечатливо руменило.
2017 година ќе биде во знакот на руменило! И тоа, баш, многу руменило. Спремете ја четката или прстите бидејќи со нивна помош ќе го постигнете ваков „bold“ изглед. Значи, тука руменилото има улога за сè – сенка, хајлајтер и на крај – руменило.
Следно е да пробате металик сенка. За свечени прилики таа е навистина добро решение, со црвен, темен кармин ќе добиете одлична комбинација, смел изглед. Во склад со стилот, но и со вкусот, можете да одберете потемен или посветол, подискретна сенка, а својот „makeup look“ можете да го дополните со ајлајнер или со веќе спомнатиот црн молив за очи.
Ни една „makeup“ листа не може да помине без неприкосновениот црвен кармин. Сепак, тоа што е ново, е црвен кармин во било која нијанса. Значи, чиста кожа, дискретно нагласени веѓи, сосема малку маскара и на усните црвено!
Светките во сите варијанти се и понатака во тренд но, обидете се да не претерате, да ги носите во вид ајлајнер, но долж долните трепки. Секако, секогаш можете да експериментирате додека сте во потрага по оној вистински начин на шминкање кој во потполност ќе ве задоволи.