Бразилската манекенка Адријана Лима на Инстаграм објави видеоклип снимен од страна на нејзиниот поранешен сопруг, бившиот кошаркар Марко Јариќ, и на тој начин ги подгреа шпекулациите дека се смириле. Имено, манекенката со ќерките Валентина и Сиена, а очигледно и со Марко, го прослави Денот на вљубените, а во видеоклипот ја гледаме постарата ќерка Валентина, која ја чита честитката за Свети Валентин, која гласи:
„Те сакам, мамо. Среќен Ден на вљубените, ти си најдобрата мајка во универзумот! Од Валентина, Сиена и Марко“, прочита Валентина, а при спомнувањето на името на Марко, манекенката го прегрнува и вели:
„Во ред, сега сте во неволjа!“