Марија Груевска, новото име на нашата музичка естрада ја сними својата прва песна. Станува збор за нумерата насловена како “Срце како камен”, која полека но сигурно го крчи својот пат до слушателите. Но, судејќи според првите реакции, ќе имаме вистински хит.
Како автор на музиката се потпишува познатата пејачка Тамара Тодевска, текстот е на Ксенија Николова, а пак, аранжманот е дело на Роберт Билбилов.
Набрзо се очекува и видео запис, а до тогаш уживајте во аудиоврзијата:
Слушнете ја песната: