Кожата околу очите е мошне чувствителна и поради тоа бара специјална нега за да изгледа онака како што треба, без подочници, без брчки, да не е опуштена и сува. Сигурно сте забележале дека оваа кожа е понежна и побрзо се суши, затоа што лојните жлезди овде се слабо застапени.
За таа цел денес ќе ви покажеме како на природен начин ќе ја нахраните кожата околу очите за да изгледа привлечно и здраво.
Потребни намирници:
½ банана
1 лажичка павлака
1 лажичка масло од јојоба
Бананата се пасира додека не добиете кашичка. Се додаваат павлаката и маслото. Сето тоа се меша добро и се нанесува врз сува и чиста кожа околу очите. За мрсна кожа користете масло од гроздови семки.
После нанесувањето на маската, легнете со затворени очи околу 20 минути и на крај измијте со млака вода. Се препорачува употреба два пати неделно.