Маска за лице од ориз

popara5 октомври, 20171min00
8

Дали знаевте дека оризот се смета за едно од најдобрите козметички средства? Оризот е богат со витамини од групата Б, кои стимулираат растење на клетките, го забавуваат нивното стареење и го подобруваат снабдувањето со крв во кожата.

Приготвувањето на оваа маска за лице е многу едноставно. Земете 2 супени лажици ориз и сварете ги на вообичаениот начин. Водата во која е варен оризот зачувајте ја. Сварениот ориз измијте го со вода и додајте супена лажица топло млеко. Изблендирајте, па додајте супена лажица мед. Маската нанесете ја во подебел слој на лицето. По 30 минути отстранете ја и измијте со водата во која сте го вареле оризот. Оризот го врзува бакарот, забавува формирање меланин и со самото тоа спречува појава на пигментни дамки.