Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс пред еден месец го роди своето прво дете, ќерката Алексис Олимпија.
Во емотивното писмо до својата мајка, која Серена го објавила на “Reddit”, таа ѝ заблагодарува на жената поради која успеала да ги победи сите свои проблеми и станала една од најдобрите спортистки на сите времиња.
Во продолжение, прочитајте го нејзиното писмо:
– Драга мамо, ти си една од најсилните жени кои ги познавам. Ја набљудував својата ќерка и таа ги има моите раце, нозе… Истите силни, мускулести, моќни, сензационални раце и тело. Не знам како би го поднела тоа кога би знаела дека таа ќе мора да поминува низ истата работа низ која јас поминував од својата 15-година до денес.
– Ме нарекуваа маж затоа што сум силна. Ми говореа дека земам дрога, но јас секогаш имав премногу интегритет за да се однесувам нефер само за да стекнам предност. Ми говореа дека не припаѓам на женскиот спорт бидејќи изгледам посилно од останатите жени. Не, јас само многу вежбам и сум родена со ова фантастично тело на кое сум горда.
– Мамо, не знам како не се расправаше со секој новинар, личност или коментатор кој бил премногу неук за да и почитува сите жени без разлика на бојата на кожата. Јас сум горда сум што успеавме да им покажеме како некои жени изгледаат. Не сме сите исти. Ние сме темни, силни, мускулести, високи, ниски, но сите сме едно: горди жени!
– Ти благодарам што ми беше пример кој ми требаше за да ги издржам сите тешкотии на кои денес гледам како предизвици, потешкотии во кои денес уживам. Се надевам дека ќе бидам истото и за своето дете, дека ќе бидам подеднакво храбра како што беше ти. Вети ми дека ќе продолжиш да ми помагаш бидејќи не сум сигурна дека сум силна колку што си ти. Се надевам дека еден ден ќе бидам. Најмногу те сакам.
Твојата најмлада од петте, Серена.