На божиќната миса која е одржана во црквата Света Марија Магдалена во Сандрингем, најголемо внимание привлече идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл.
https://www.instagram.com/p/BdM7Faqll2B/?taken-by=telaquecortar
Љубопината јавност до детал го анализираше стајлингот кој Меган Маркл го избра за овој важен настан, а најстрогите модни експерти се согласија дека таа со префинетиот стил може да и конкурира на неприкосновената Кејт Мидлтон.
Сепак, гафот кој го направила на божиќната церемонија Британците неможат да и го простат. Меган требало да и се поклони на кралицата и да и покаже почитување пред голема група на луѓе и многу камери, поради што видно се вознемирила. Средбата со кралицата некако ја преживеала но не и средбата со фоторепортерите.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=535&v=cydUt07JdKE
Имено, Британците и замериле кога во еден момент на фоторепортерот му го покажала јазикот, што никако не се вклопува во однесувањето според строгиот кралски протокол.
Моментот на невнимание е овековечен па го виде цела планета. И, додека едни ја критикуваат американската глумица, други ја бранат, бидејќи нервозата си го направила своето.