На кој начин месечниот циклус е поврзан со животниот век, открива едно големо истражување во кое учествувале 16.000 жени.
Во истражувањето на Универзитетот во Сан Диего се проучувале податоци од 16.000 жени во менопауза, а резултатите се објавени во магазинот „Menopause“. Меѓу испитаничките кои добиле прв месечен циклус на дванаесет и повеќе години, а влегле во менопауза после педесет годишна возраст, во најголем процент доживеале 90 години.
„Октривме дека жените што подоцна го добиле првиот циклус, имаат помалку здравствени проблеми, како коронарни болести, на пример, а истовремено и жените што подоцна влегле во менопауза, најчесто имаат одлично здравје“, изјавил авторот на студијата, Аладин Шадјаб.
Помеѓу жените кои повозрасни добиле циклус и подоцна влегле во менопауза, поголемиот број биле непушачки и немале проблеми со дијабетес. Авторите на студијата истакнале дека се потребни дополнителни истражувања, за да може точно да се одреди оваа поврзаност. Сепак, од досегашните истражувања, јасно е дека здравите навики и здравиот месечен циклус значат долг и здрав живот.