Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси и неговата љубов Антонела Рокусо во врска со свадбените подароци изјавиле дека гостите не треба да носат подароци, туку да направат донација во корист на фондацијата на фудбалерот.
Меси ќе се ожени за неговата долгогодишна девојка на 30 јуни во Росарио.
На свадбена церемонија се очекува да присуствуваат околу 700 гости. Меси сака да ја искористи сума добиена од својата свадба, за да ја подари на децата. Фондацијата на аргентинскиот фудбалер учествуваше во неколку социјални активности кои се ангажирани со децата во светот.
Гостите на свадбата на Лео и Антонела ќе придонесат финансиски кон оваа кауза.