Веројатно веќе сте слушнале и самите сте се увериле во чудотворната моќ на омилениот летен зеленчук. Во продолжение ќе прочитате ефикасен и брз рецепт за нега на кожата со помош на краставици!
Не само што го штити однатре вашиот организам туку и можете да ја користите за приготовка на разни маски и препарати за нега на кожата.
Исечените крукчиња краставица се ставаат на очите за да ги намалат црвенилото и отокот, но тоа не е единствен начин како краставицата да ви помогне во вашето разубавување.
Ако сакате ја си ја подмладите кожата и да дејствувате врз брчките, имаме еден рецепт за кој не се потребни големи парични вложувања. Имајте на ум дека краставицата содржи и повеќе од 95% вода, па затоа таа одлично ја хидрира вашата кожа.
Потребни ви се:
- 1 краставица
- 1 лажица мед
Упатство:
Излупете ја краставицата. Потоа пронајдете на лицето место каде се најдлабоки брчките, нанесете малку мед на тој дел и прекријте го со исечените крукчиња краставица. Оставете да дејствува околу 10 минути и отстранете ги – резултатите се веднаш видливи.