Оваа диета не е нова но во последно време е доста актуелна помеѓу познатите во Холивуд. Ефикаснота и се базира на интензивното согорување на маснотии, што во бројки изразено значи 5 кг за 12 дена. Успехот на оваа диета се темели на маѓичните компоненти кои ги содржи грејпфрутот кои во комбинација со протеини го активираат процесот на топење маснотии и намалување на килограмите. Дозволена е само протеинска храна и зелен зеленчук. Треба да пиете и многу вода.
Наутро се консумираат две варени јајца и 250 мл сок од грејпфрут, на што може да се додаде и мало парче сланина. Останатите оброци во денот ги режирате вие сами, а изборот е варено пилешко, телешко, печена риба, јајца и секако зелена салата. Истата количина сок се пие и навечер пред легнување. Диетата предвидува согорување на околу 1000 калории дневно и затоа загубата на килограми е неизбежна. Забранета е употреба на јаглехидрати.