Во вашиот гардеробер едно од задолжителните парчиња облека е секако кожната јакна. Кожната јакна е погодна за носење во речиси сите сезони, особено во есента, но може да биде одличен избор и во зима, особено заради големиот број на комбинации кои ги нуди.
Еден од најдобрите начини да ја искомбинирате кожната јакна е со панталони или кошули во светли бои, со рамни чизми, спортска торба и спортски часовник кој ќе ви даде изглед на активна и урбана девојка.
Имајте комфорен, но тренди изглед со комбинирање на кожената јакна со едноставни пантолони, високи рамни чизми, голема кожна чанта и гломазен накит – комбинација за луксузен дневен изглед.
Кожна јакна е парче облека што одлично ќе се вклопи во комбинацијата на работна облека, на пример со здолниште под колена, кошула во неутрална боја и интересни чевли во комбинација со деловна чанта.
За вечерна шик комбинација изберете интересен консерт, впечатливи обетки, тесни пантолони или џинс во темна нијанса и чевли со високи потпетици, а изгледот надополнете го со практична елегантна чанта и секако кожна јакна.
За елегантните вечерни излегувања искомбинирајте ја кожната јакна со пантолони со раб во неутрална нијанса, елегантна кошула или блуза, мала чанта, салонки и нежен , но впечатлив накит.