Ако веќе морате да каснете нешто пред спиење, тоа никако не смее да биде лазањата која останала од ручек или половина кутија сладолед. Солените и мрсни јадења се тешки за варење, а истото се однесува и на киселите работи, како домат или портокал, кои можат да ви предизвикаат киселини. Благите работи, пак, ја зголемуваат енергијата и често ве разбудуваат подобро од кафе.
Смирувачки компоненти:
Триптофан: Му помага на телото да произведе серотонин, хормонот за убаво чувство, кој смирува. Му треба околу еден час за да стигне до мозокот, па планирајте ја соодветно вашата ужинка. Најмногу го има во интегралните зрна.
Мелатонин: Нему му влијае светлината и тој го регулира вашиот внатрешен часовник, а го има во овесот и црешите.
Калциум: Познатата препорака за чаша топло млеко пред спиење, од друга страна, не е мит, зашто топлите течности ве успиваат со тоа што ја покачуваат телесната температура, а млекото содржи и калциумот кој го поттикнува добриот сон. Препорака за вечера: немасно млеко или јогурт.
Магнезиум: Го намалува производството на кортисол, хормонот на стресот, значи ќе спиете помирно. Магнезиумот исто така е добар за контракција на мускулите, па дејствува против грчеви во мускулите кои можат да се јават среде ноќ. Најмногу го има во бадемите и триците.
Калиум: И тој е важен за спречување на грчеви во мускулите. Најдобри извори на калиум се бананата и слаткиот компир.
Имајќи го сето ова предвид, еве ги најдобрите оброци за пред спиење:
Овесна каша со сечкана банана
Немасни пуканки
Трици со немасен јогурт или млеко
Интегрални крекери со хумус
Печени семки од тиква
Немасен јогурт со мелени семчиња од лен
Интегрален тост со путер од бадем
Шолја смирувачки чај од камилица.