Најголемиот тренд на пластичната хирургија за 2017 е многу чуден

popara19 јануари, 20171min00
8

Уште еден начин жените да се чувствуваат лошо во врска со нивните тела. Ура!

Гради. Многу од нас ги имаме, но поради некоја причина, на многу од нас не ни се допаѓа какви ни се градите. Премногу се големи, не се доволно големи, не се симетрични, не се исправени, премногу се исправени и списокот продолжува…Всушност, самото имање гради е „демоде“, според Vogue.

Но сега, The Plastic Surgery Group ги објави нивните предвидувања за најжешките козметички трендови во 2017 и се испоставува дека градите не се проблемот овој пат, туку овој пат тоа се брадавиците!

„Видовме зголемување за 30% на бројот на жени кои побарале намалување на величината на брадавците минатата година,“ пишува групата. Изгледа дека во 2017 година малите брадавици ќе бидат во мода.

„Откривме дека пациентките со помали брадавици рангирале повисоко за привлечност отколку тие со поголеми брадавици,“ објасни консултантот-пластичен хирург Мо Акавани.

Но не очајувајте ако не сте во првата група, сигурни сме дека идната година ќе се вратат големите брадавици во мода!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag