![9](https://popara.mk/wp-content/uploads/2017/11/9-2.jpg)
Не е тајна дека семето и овошјето се многу здрави благодарение на нивниот висок степан на хранливост. Затоа треба да се додаваат во редовните оброци. Покрај употреба на овошје во исхраната и додавање на разни семиња во оброците, исто така корисно е и кожата директно да се храни со семе. А најбрз и наједноставен начин тоа да го направите дома е да подготвите маска за лице.
Постои голем избор на семиња за маски за лице. Тие може да се подготвуваат само од овошје и семе, а секое од нив може да се измеша со јогурт, мед, растително масло. Пред подготвување на маската, треба да знаете какви резултати сакате да постигнеме, односно дали сакате да го подобрите сјајот на кожата, хидратацијата, да ја смирите иритираната кожа или да добиете поцврста кожа, да ги израмните брчките или дали да ја ексфолирате кожата. Штом ќе го одлучите ова, време е да ги одберете вистинските состојки.
Еве неколку рецепти за здрави, природни, маски кои можете да ги подготвите дома.
Хидратантна маска за лице од калинка – за секој тип на кожа.
Измешајте една калинка со две лажици мед или природен јогурт. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете ја темелно со млака вода.
Маска за ревитализација на лице со чиа семе – за секој тип на кожа.
Во мал сад една супена лажица чиа семе прелијте со 2 супени лажици вода. Оставете да отстои 30 минути, полека мешајќи ја смесата на секои 10 минути. По 30 минути, откако смесата ќе добие гел структура, додадете 2 супени лажици мед и една супена лажица маслиново масло. Помешајте сè заедно, нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10 минути. Исплакнете со млака вода. Истата оваа смеса покрај како маска за лице, претставува и одличен пилинг за кожата.
Маска за регенерација и подобрување на еластичноста на лицето со сончогледово семе – за сува кожа.
Земете 10 излупени сончогледови семки и измелете ги во мелница за ситно мелење. Додадете 2 лажици слатка павлака и 1 лажица маслиново масло. Измешајте ги сите состојки и нанесете ја маската на лицето и оставете да делува околу20 минути. Потоа исплакнете ја.
Маска за зацврстување и коригирање на брчките на лицето од јаболко и ленено семе – за зрела кожа.
Земете 2 лажици мелено ленено семе и додадете ¼ чаша топла вода. Оставете да се олади околу 15 минути. Потоа додадете уште вода за да може маската рамномерно да се нанесе на кожата. Изрендајте мало јаболко и измешајте со желето од ленено семе. Смесата е подготвена. Нанесете ја на лицето и исплакнете по околу 15 минути.
Секако дека маската за лице не може целосно да го замени секојдневниот режим на нега на кожата, вклучено и специјалните креми, но сепак тие се одличен дополнителен третман кој ги подобрува посакуваните резултати. Затоа, по нанесување на било каков тип маска на вашето лице, дури и маска за длабоко потхранување на кожата, не заборавајте потоа да го нанесете кремот кој го користите во вашиот секојдневен режим.