Со летните модни комбинации накитот најмногу доаѓа до израз, па стилистите укажуваат на тоа, оваа сезона да си поиграте со различни парчиња. Нанижани нараквици ова лето се апсолутен хит!
Ако сакате вашиот изглед да го направите уште повпечатлив, стилистите предлагаат да ги носите во низа, без оглед дали се метални, дрвени или пластични.
За деловен изглед доволно е да изберете две до три потенки нараквици, со еднобојна облека бирајте масивни модели во низа, а за навечер нараквици украсени со полускапоцени камења, кристали или циркони.