Кој ја кажува вистината, а кој лаже?
Кога Мел Би побара развод од сопругот Стивен Белафонте, го обвини за физичко насилство, неверство со дадилката на нивните деца, а воедно и дека ја присилил на секс во тројка со други жени.
Сепак, дали нејзината приказна е вистинска? Наводната љубовница, Лорејн Гилс, поднесе тужба против поранешната спајсица, во која тврди дека пејачката е таа што всушност ја завела.
Според Гилс таа е само „невина и љубопитна 18-годишна студентка која била заведена со алкохол, слава и секс без обврски“.
Како доказ за своите тврдења дадилката ги приложи фотографиите со Мел Би на кои и двете изгледаат пресреќно. Ако пејачката навистина била малтретирана како што тврди и знаела за неверството на својот сопруг, зошто изгледа толку среќно и опуштено на фотографиите?
Изглед дека овој развод ќе биде многу поскандалозен отколку што мислевме…