Не судете според надворешноста, пред да погледнете внатре!

popara19 јуни, 20171min00
14

Поука: многу е лесно да ги осудуваме другите околу нас но при тоа не сме свесни за болката која нашите зборови ја предизвикува кај нив. 

Пред да донесеме заклучок за постапките на другите, најдобро е да се преиспитаме ние самите.
Да се запрашаме дали ние правиме нешто подобро од нив па тоа да ни дава право за осудување, или секој прави онолку колку што може, колку што мисли дека треба и како што мисли дека е најправилно?
Но сите ние треба едно да сфатиме и да ни биде јасно, а тоа е дека не треба и не сме ние тие кои треба да осудуваме и да донесуваме пресуди за постапките на другите.

Не залудно и во Библијата е напишан цитат кој одговара за оваа ситуација, а тој е: пред да се фатиш за сламката која ја има во очите на другите, извади ја гредата од сопственото око.

Доказ за тоа е оваа поучна приказна:

Млад брачен пар се вселил во за нив нова куќа, која претходно била во сопственост на постари луѓе.
Додека наредното утрото после вселувањето јаделе, жената погледнала низ прозорецот и ја видела сосетката која живеела отспротива како спростира алишта на терасата.

– „Погледни само колку ѝ се валкани алиштата! Не можам да поверувам. Личат исто како да не се перени воопшто. Можеби ѝ треба нов прашок, а можеби жената и воопшто не знае да пере алишта.”

Мажот молчејќи ја посматрал, но не бил заинтересиран за нејзините зборови, па затоа и не ѝ придавал значење.
Но секогаш кога сосетката ќе спростирала алишта, неговата жена секогаш ги кажувала истите работи за неа.

После еден месец жената се запрепастила кога видела дека алиштата кои ги спростирала сосетката биле бели како снег. Не можела да им поверува на своите очи.

– „Погледни, конечно нашата сосетка научила како треба да ги пере алиштата. Се прашувам само кој ја научил?” – му рекла на својот сопруг.

Мажот ѝ одговорил: „Никој не ја научи. Всушност, јас ги избришав нашите прозорци!”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag