Топло-ладниот временски период бара и моден микс кој лесно се прилагодува на температурата, што значи умешно комбинирање на облеката и обувките за овој транцизионен период.
Понекогаш со голи рамена, понекогаш со потопла јакна, со чизми до глужд или со сандали, во слоеви од облека или со минимални парчиња, еве инспирација за модни комбинации за следниов месец. Доминират џинс комбинации, кимоно наметки, бели волуменозни кошули, карнери, широки панталони, mule-влечки, шарени фустани, чевли со блок-потпетици, патики….