Неколку совети за побрзо зараснување на раните

popara29 јуни, 20171min00
8

Од како ќе се пресечеме, во телото се активираат посебни ќелии, макрофаги, што ги чистат мртвите ткива и бактерии, кои инаку би влегле во нашето тело преку раната. По тоа се активираат фибропласти клетки, кои се задолжени за создавање на еден вид мост помеѓу рабовите на раната, да создадат ткиво кое ќе биде замена за она што е оштетено. За да раната заздраве правилнои брзо, веднаш одкако ќе настане ставете ја под млаз ладна вода, и дезинфицирајте со средство за дезинфекција. Ако раната не е многу длабока, во тој случај не ставајте завој, оставете ја отворена. Кога раната е во контакт со воздухот побрзо се лекува.Подлабоките рани пак потребно е веднаш да ги преврзете но, исклучиво со стерилна газа и залепете ја со ханзапласт, како би го блокирале дишењето на кожата, а тоа ќе го поттикне нејзиното лечење.