Погрешна подлога
Ова е една од честите грешки кои ги прават жените при нанесување на нивната целосна шминка. Не е важно само да знаете дека имате подлога на вашето лице, важни се и тоновите, боите и нијансите кои би се софпаднале со целокупното онатаможно тонирање.
Премногу руменило над вашите јаболчници.
Убаво е да се потенцираат важите јаболчници, но не претерувајте затоa што се добива спротивна слика од нежната шминка и би можело сето тоа да изгледа вештачки, а дури понекогаш и смешно. Ситница која не ја збележувате, а која всушност е многу важна за вашиот make up styling.
Контурирањето не е баш лесно!
…И во сета таа трка во пратење на модните трендови, треба да запеметеме дека сепак познатите имаат свои професионални шминкери кои се извежбани во нијансирањето и контурирањето. Имајте го на ум ова и не претерувајте!
Исцртување на усните!
тоа треба време и трпение, а ако тоа не го дозволуваат вашите обврски и брзиот начин на живот, продолжете со кожа боја на кармин. И да погрешете нешто, со него нема да ве забележат многу, а вие ќе прдолжите да изгледате свежо и дотерано. Црвените усни оставете ги за некој друг ден каде ќе имате време на претек.
Очите или усните. Изборот е ваш!
Понекогаш нема потреба од нанесување на сенки и алајнери на очите. Оставете ги нив, а од друга страна оставете му простор на усните да заведуваат. Потенцирајте ги само усните и ефектот ќе биде многу поголем. Изборот е ваш!