На интернет се појавија досега невидени фотографии од Анџелина Џоли, направени неколку месеци пред разводот кои би требало да ја зацврстат нејзината врска со Бред Пит.
Познатиот “tattoo” артист Ајарн Ну Канпаи дошол од Бангкок во Сием Рип, Камбоџа кадешто таа снимала филм за да ја тетовира познатата актерка.
Мистичното мастило било нанесено употребувајќи челични прачки на кои е монтирана хируршка игла од челик правејќи ја тетоважата попрецизна отколку на обичниот начин, но исто така и многу поболна.
Двата дизајни на тетоважите требало “да ги поврзат како маж и жена симболично”, но нивниот брак се распадна само неколку месеци потоа. Тие се разделија во септември 2016-та.