Ким Кардашјан испи смути од сардина во шоуто на Џејмс Корден само за да не открие дали нејзините сестри Клои и Кајли се бремени. Таа и Корден ја играа играта Spill Your Guts or Fill Your Guts, а според правилата, Ким требаше да одговара на интимни прашања или да испие, односно изеде нешто грозно, од менито понудено од Корден. Истите правила важат и за водителот.
Ким без проблем ги рангира членовите на семејството од најдобро кон најлошо облечен, ја откри најголемата мана на Канје, но не одговори на прашањето за шпекулациите за бременоста на Клои и Кајли, па без размислување испи смути од сардина.
Гледајте го видеото за да видите како изгледаше играта на Ким и Корден.