Пејачката Северина вчера присуствуваше на настан во центарот на Загреб и ги собра погледите од сите присутни.
Причина за вниманието не беше нејзиниот сопруг Игор, кој ја придружуваше, туку фустанот што го носеше Северина.
Мал, црн, асиметричен модел на модната куќа „Сент Лорен“, на едно рамо, со златни точки, одлично прилегаше на нејзината фигура. Повеќе открива отколку што покрива, но тоа, се разбира, не ѝ пречи на хрватската пејачка.