Милион долари на банкарската сметка им дозволуваат на Ким и Канје Вест да бидат бескрајно екстарвагантни кога се во прашање божиќните подароци. Па така, пред две години познатиот рапер за својата сопруга подготви неверојатни 150 подароци, а оваа година подароците ги собра во само една мала кутија.
– Ок, еден од божиќните подароци е мала кутија со играчка Мики Маус, слушалки Apple, чорапи Адидас и поклон картички од Нетфликс и Амазон – напиша Ким, но тоа не е се.
Имено, Канје добро размислил како да и покаже на Ким дека ја почитува и како деловна жена, па и поклонил акции од компаниите “Walt Disney” “Adidas”, “Apple”, “Netflix” i “Amazon”.
Старлетата беше воодушевена од подарокот, па порача дека го има најдобриот сопруг на светот.