Неверојатна маска за лице од сода бикарбона и од лимон

popara20 декември, 20171min00
6

Оваа маска за нега на кожата помага за намалување на митисерите, при проблеми со мрсна кожа, акни, па дури и за пигментација.

Се што ви е потребно за оваа маска за лице е сок од лимон и сода бикарбона. За да ја направите маската, измешајте една лажичка сок од лимон со две лажички сода бикарбона. Содата реагира на сокот од лимон и создава пена. Но мешајте додека не добиете бледо-жолта паста. Користете ја пастата такашто ќе ја намачкате на цело лице и на вратот. Обрнете внимание на Т-зоната. Нормално е да почувствувате мало пецкање, меѓутоа, ако пецкањето е посилно, веднаш измијте се.

Ако е се во ред, маската се држи најмногу 15 минути за да се избегне црвенилото. Со топла, влажна крпа, избришете ја маската, а исплакнете се со ладна вода за да се затворат порите и намачкајте се со крем.

Neverovatna maska za lice od limuna i sode bikarbone

Оваа маска за лице можете да ја користите во комбинација со мед. Додадете една лажичка органски мед, со иста количина сода и сок од лимон. Медот е добра природна анти-бактериска супстанција која помага во убивањето на лошите бактерии што живеат во порите на вашата кожа. Исто така, ја смирува и ја хидрира кожата.
Содата дејствува и како пилинг, а сокот од лимон го отстранува вишокот на маснотии од вашето лице, го чисти, ги убива бактериите и ги намалува шансите за инфекции. Со оваа маска од лимон и сода бикарбона ќе имате свежа и блескава кожа.