Ники Минаж му вети на обожавател пари за школарина, ако покаже добри оцени

popara8 мај, 20171min00
7

Пејачката Ники Минаж му вети на обожавател дека ќе му ја плати школарината ако докаже дека добива добри оцени на факултет.

Таа одговори на десетина желби и барања упатени на нејзиниот Twitter профил и рече дека е сериозна во намерата парично да помогне.

Обожавателите ѝ праќаа извештаи од банкарските сметки и приказни за нивните финансиски проблеми.

Иако таа ги замоли барањата да бидат до 1.000 долари, таа се согласи да плати 6.000 долари за школарината на еден студент, ако докаже дека има солиден успех на факултет.

Обожавателот кој се вика Џош рече дека парите му требаат за школарина, сместување, храна и книги.