![2](https://popara.mk/wp-content/uploads/2017/09/2-3.jpg)
Некогашната лото девојка и водителка Сузана Манчиќ со месеци ја најавуваше грандиозната свадба во Венеција, со својот партнер, грчкиот банкар Симеон, но свадбата повторно е одложена.
Иако Сузана (60) смета дека нејзе и на нејзиниот сакан (67) им истекува времето, од свадбата изгледа нема ништо. Венчавката наводно е одложена, бидејќи бизнисменот нема време поради многу обврски.
Се беше подготвено за на 2-ри септември да го изговорат судбоносното „да“, но работните обврски ги спречија во тоа. Симеон и понатаму смета дека бракот на хартија не е толку важен, особено за луѓе на нивни години. Заедно се 16 години и венчавката за него нема да смени ништо, вели нивен пријател за еден српски медиум.
Како што стојат нештата, Сузана веројатно нема наскоро да стане сопруга на грчкиот богаташ.