Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека се будите наутро. Овие грчеви се прилично болни и предизвикуваат стегнување на мускулот што може да трае и откако ќе помине болката.
Ноќните грчеви се почести кај возрасни над 50 години, но може да се јават и кај помлади луѓе и кај деца. И мажите и жените се подеднакво засегнати.
Што предизвикува ноќни грчеви во нозете?
Седење подолго време
Интензивен напор
Стоење или работење на бетонски под
Неправилно седење
Што можате да направите да се спречат овие грчеви?
Хидратација: Пијте шест до осум чаши вода секој ден
Нежно ги истегнете ги мускулите на нозете пред спиење
Носете удобни обувки
Опуштете се во топла купка пред спиење.
Не седете со скрстени нозе или стапала
Што да направите кога ќе ве фати грч на ногата?
Силно истегнување на згрчениот мускул е најефикасен начин за ублажување на грчот и болката. Може да се обидете со нежно масирање или лесно одење.
Дали постојат лекови како терапија за ноќните грчеви во нозете?
Пробајте со редовно земање витамински додатоци. Витамин Е или Б комплекс во форма на суплементи може да бидат корисни. Магнезиумот исто така помага многу, особено кај бремени жени.