Ако имате силна главоболка, искористете го овој едноставен метод и бидете сигурни дека ќе ви биде подобро!
Овој обичен солен раствор, освен што ќе ве ослободи од главоболката, ќе ви го нормализира и крвниот притисок и ќе ги елиминира отоците во нозете – за многу кратко време.
Значи, доколку имате силни, неиздржливи болки во главата – веднаш пригответе го овој раствор:
Пригответе облога од газа или тенка памучна ткаенина.
Газата свиткајте ја во 8 слоеви, а ширината нека одговара според вашето чело, со доволна должина за да може да се опфати главата.
Потоа, загрејте 250 мл вода до 60-70 степени и во неа растворете 2 рамни чајни лажички сол.
Така ќе добиете 8%-тен солен раствор.
Со топла вода измијте го челото, ушите и тилот.
Натопете ја газата во солениот раствор, лесно исцедете, протресете малку да излади па замотајте го челото, ушите и тилот.
За да ја фиксирате облогата, ставете на главата памучна марама.
Потоа, легнете.
За само неколку минути ќе почувствувате олеснување, но не брзајте и не ја отстранувајте облогата.
Останете да лежите уште 20-тина минути.
По отстранувањето на облогата, челото, ушите и тилот повторно измијте ги со топла вода.