Омилените крофни со крем

popara2 август, 20171min00
7af4b783613d653b49203381aa3f111d

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 2 шолји масло
  • 4 лажички шеќер
  • 250 мл вода
  • 250 мл млеко
  • Квасец
  • 1,5 кг брашно
  • Крем
  • Малку сол
  • Масло за пржење

Подготовка:

Млекото и водата се мешаат со брашното, јајцата, маслото, шеќерот и квасецот се додека не се добие мазна смеса. Истото се остава да нарасне 30 минути. Откако ќе стаса, се дели на 6 топки и се остава да отстои уште малку.  Сукаме две од нив, но да не бидат премногу тенки, нанесуваме од кремот на едната кора и правиме кругови во тестото со чаша. Другата кора ја додаваме над првата и ги вадиме крофните со шолја. Го повторуваме истото со останатото тесто.

Крофните ги оставаме да отстојат 20 минути. Во загреан сад со масло ги пржиме крофните, се додека не добијат златна боја. Ги ставаме на хартиена подлога за да се упие маслото. Пред сервирање, се наросуваат со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag