Замор, поспаност и недостиг на енергија се најчестите „пријатели“ на пролетта.
Детоксикацијата е посакувана како би го зајакнале имунитетот и како би избегнале настинки и грип.
Хидратацијта е број 1
Што повеќе течности пиете, тоа повеќе токсини излегуваат од вашето тело. Во текот на еден ден потребно е да испиете два литри течности, за ефикасно да го детоксицирате организмот.
Во обичната вода можете да ставите малку лимон или краставица.
Кокосово масло
Започнете го и завршете го денот со лажичка кокосово масло. Тоа на одличен начин го одржува здравјето на цревната флора.
Пост и вежби
За детоксикација пожелни се вежби, но не е задолжително да одите во теретана. Доволно е во својот дом да се загреете и испотите со вежби.
И на крај, пост од 12 часа од секоја вечера е повеќе од пожелен. Помеѓу вечера и доручек направете пост од 12 часа. Првите шест до осум часа вашето тело ќе биде насочено на варење на храната, а последните четири часа на детоксикација и согорување маснотии.