Постојат повеќе од 40 видови оригано, во кулинарството најчесто се користи Origanum Vulgare, но за најлековит вид се смета Origanum Minutiflorum, кое содржи и до 90% активна лековита состојка наречена карвакрол. Старите Грци го применувале маслото од оригано за лечење рани, каснувања од змии и тегоби на дишните патишта, а во Средниот век сстанало популарно и во Европа, каде се користело за лечење инфекции.
Лековити својства на маслото од оригано
Највредната лековита материја во маслото од оригано е карвакрол, состојка која има силно антибактериско дејство. Британските научници потврдиле дека маслото од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии, а најмногу против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и уринарниот тракт, тифус, колера, чиреви и кожни инфекции. Освен што ги уништува бактериите, ова масло има и силно антивирусно дејство, односно ефикасно штити од грип и настинка, и може да ја спречи болеста уште кога ќе се јават првите симптоми.
Ги уништува тврдокорните бактерии
Маслото од оригано одлично делува против многу видови бактерии, вируси и габички кои го менуваат обликот и го отежнуваат лекувањето. Агресивните антигабични својства во маслото од оригано спречуваат тврдокорни инфекции како кандида, габички на ноктите и темето. При кандида маслото се пие, а кај габички на ноктите се нанесува локално. При појава на габички на кожата на главата се препорачува да се нанесат неколку капки масло при шампонирањето.
Можно е да делува против рак
Маслото од оригано би можело да стане дел од терапиите за лечење рак. Научниците го тестирале делувањето на карвакролот на клетките од ракот на простата, и едно истражување објавено во април 2012 година на саемот на експерименти во Сан Диего, покажало позитивни резултати.
Спречува алергии
Маслото од оригано содржи рузмаринска киселина, која е силен антихистаминик и моќен антиоксиданс и најчесто секористи во лечење на алергиските реакции, бронхијална астма, ревматолошки артртис и гингвитис, така што само инхалирање на маслото помага при алергија.
Го успорува стареењето
Антиоксидативните својства на маслото од оригано се благотворни за долготрајно чување на здравјето. Тие штитат од слободните радикали и ги опоравуваат веќе оштетените клетки. Познато е дека антиоксидансите го успоруваат стареењето, штитат од рак, спречуваат макуларна дегенерација, губиток на видот и слухот, нервни пореметувања и многу други болести поврзани со делување на слободните радикали.
Прва помош при убоди од инсекти и животни
Маслото од оригано има моќ на неутрализирање на отровните убоди, како оние од пчела, змија и пајак, а исто така е корисно и за спречување инфекции, намалување на воспаленијата и болките од убодни рани и каснувања од животни.
Помош при спортски повреди
Ги олеснува грчевите и болките во мускулите, го помага заздравувањето на повредите, воспаленијата на тетивите и слично, а неговите противвоспалителни дејства воедно го прават и моќен лек за артритис.