Саша Ковачевиќ веќе три месеци ја крие својата девојка, некогашната мисица Зорана Тасовац од очите на јавноста.
Во врска се од Мај, но нивната прва заедничка фотографија излезе овој викенд и тоа сосема случајно.
Заеднички пријател на овој пар ја објави фотографијата, а во позадина можеме да го видиме среќниот пар.
Фотографијата со брзина на светлината се прошири низ интернетот, на воодушевување на сите фанови кои конечно ја запознаа новата љубов на пејачот.
https://www.instagram.com/p/BXvuCFSABSV/?taken-by=sashakovacevic.fan_page
Саша и Зорана не ја форсираат својата врска во јавноста. Пејачот до сега не објавуваше заеднички фотографии, а манекенката не користи социјални мрежи. Но судејќи по коментарите на нивните блиски, нивната врска е сериозна.
Парот изгледа среќно и заљубено заедно, па се надеваме дека во следниот период ќе ги гледаме почесто заедно.