Ова ќе биде најпопуларна дестинација оваа година!

popara4 јануари, 20171min00
lisbon

Исланд беше популарна дестинација во 2016 година. Тајланд пред тоа, а во 2017 година сите ќе посакаат да ја посетат Португалија.

 

Португалија се јавува на повеќето светски листи као најдобра дестинација за 2017 година и тоа поради неколку причини. Топло време, преубави плажи, градови со историја и пристапни цени, ја прават избор број еден.

 

Делови на Лисабон, престолнината на Португалија, постојат од 9-ти век. Можете да шетате по средновековната улица Алфама, а потоа да се упатите кон тврдината Св. Ѓорѓи (Castelo Sao Jorge).  Градскиот врв „Муриш“ нуди спектакуларен поглед, а влезот чини околу 10 евра.

 

Во близина на пристаништето, кај одмаралиштето „Белем куќа”, се наоѓаат некои од лисабонските најважни споменици и музеи, како и бројни кафулиња каде се продаваат единствените португалски пити со овошје. Некои од старите трамваи се движеле низ улиците за време на втората светска војна, а билетот чини околу 3 евра.

 

Португалската позната обала е голема атракција. Големите бранови на Назаира за оние кои сакаат да сурфаат, а мирните води на Лагос за оние кои сакаат да се релаксираат.

 

Другиот најголем град во Португалија е Порто што се наоѓа на север од земјата. Тој е оддалечен само 1 час возење од Минхо, област на виното каде се произведува свежо бело вино, совршено за летните денови.

 

Од храната, на локалните жители им е омилена „franceshina“, нешто како сендвичи со кобасица, шунка, топено сирење и лути домати, со сос од пиво.

Самиот град има средновековен центар со камени улици и позлатени резбарии. Тоа е всушност лавиринт, но ако ја следите реката, нема да се изгубите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag