Секоја година има различни трендови за шминкање. Така беше и во 2016-та. Но треба да знаете дека некои трендови треба да ги задржите и во новата година. Еве топ 3 тренда од кои не сакаме да се откажеме!
1. ИЗРАЗЕНИ ВЕЃИ
Дебелите и бујни веѓи се во мода и овој тренд од 2016 г. ќе трае и оваа година. За разлика одсредените и уредни веѓи, трендот на изразени веѓи намерно е направено да изгледа несредено.
За ваков изглед ви препорачуваме гел или восок за веѓи, како и пудра за веѓи или добра четка за веѓи.
2. ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД
Природниот изглед на шминкање е модерен веќе неколку години, но во 2016-та навистина предизвика бум. Славните личности, како Алисија Кис и Кендал Џенер, го предводеа ова движење „без шминка“, кое му пркоси на изгледот што е премногу контуриран.
За ваков изглед ви препорачуваме сјај за усни и ББ-крем.
3. ПРИВЛЕЧНИ УСНИ
Усните што привлекуваат внимание ќе бидат во мода и во 2017 година. Затоа, без разлика дали сакатемат или светкава, црвена или виолетова, продолжете да користите смел и светол кармин! Випрепорачуваме другиот дел од вашата шминка да биде поприроден за да постигнете балансиранизглед.
За овој изглед ви препорачуваме сјај за усни, креон за усни, кармин и течен кармин