Ова се трите знаци дека вашиот брак нема да трае, според организатор на свадби

popara13 јануари, 20171min00
3

Планирањето свадба е обвиено со стрес – кого ќе поканите? Каде ќе се одржува? Каква храна треба да служите? И до кој степен ќе ве банкротира целиот настан вас и вашиот нов сопружник?

Често,  за да го намалат притисокот, двојките најмуваат планери на свадби да го направат нивниот ден совршен – за тие самите да не мораат. Тоа значи дека организаторите на свадби гледаат многу венчавки.

Во интервју со ATTN, планерите на свадби Кристи Метјуз и Касандра Сантор открија рани знаци дека една врска нема да го преживее долгиот рок, според тоа што тие го приметиле. Еве ги знаците:

  1. Завземање страни

Двојките треба да воспостават дека тие се тим, рано во врската. Често, родителите или членови на семејствата може да имаат силни мислења за свадбата и не е добро кога вие или вашиот сопружник ќе ги постави потребите на другите пред вас двајцата. Сантор вели: „Кога мислењето на семејството се зема посериозно од тоа на идниот сопружник, тоа може да биде голем предизвик.“

  1. Возраст

Што помлада е двојката толку позагрижена е Метјуз дека тие нема да траат. Таа вели: „Сум работела со двојки на возраст од 21 година – или 20 години во еден случај – до двојки во нивните 50-ти. И се грижам, или почесто ми поминува мислата, кога една двојка се многу млади и неискусни во работите на животот.“

Според Националниот совет за здравје на Британија, 60 проценти од браковите на двојки на возраст помеѓу 20 и 25 години завршуваат со развод.

  1. Кога свадбата е поголем приоритет од бракот

Ако свадбата раководи со животот на двојката до степен да додава стрес на врската, тоа може да биде знак за поместени приоритети. Метјуз вели: „Кога свадбата станува чудовиште што надвиснува над сите работи, тогаш почнувам да се грижам.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma