Доаѓа пролет и бидете со отворен ум кога се во прашање новите пролетни модели на салонки, мокасини, сандали и влечки. Во продавниците ќе има сѐ и сешто, а на вас останува само да одберете што најмногу ви се допаѓа и што ви прилега. Кога станува збор за високата мода, често има и многу експериментирања.
Сандали на платформа
Ако минатата година не купивте пар сандали на платформа, оваа година не смеете да го пропуштите тоа. Тие ќе бидат апсолутен хит. Еднобојни или во различни бои со отпечаток, изборот е ваш. Ако не сакате „обични“ салонки, тогаш одберете некои со интересни детали и со потпетици.
Високи потпетици
За тие што повеќе сакаат елеганција на високи тенки потпетици, секако ќе има интересен избор. Одберете ги оние со ремчиња околу глуждот, тие се моден хит.
Сандали со ниски потпетици
Ако не сте љубител на високи потпетици, за вас има широк избор на сандали со ниски потпетици, наменети за лежерни моменти, но и за елегантни комбинации.
Влечки
Одберете ги за лежерни моменти. Моделите може да бидат разновидни – од едноставни и еднобојни, до шарени и богато украсени.
Балетанки и мокасинки
Минатата година мокасинките и балетанките ги носеа трендсетерките. Можеби не се сечиј избор, но, секако, се задолжителни кога станува збор за моден тренд. Одлични се за преодниот пролетен период, практични и удобни.